Најскапо ќе поминете на состанок во Цирих, најевтино во Џакарта

Никаде на светот не е поскапо да излезете на состанок со потенцијалната љубов на вашиот живот како во Цирих. Градот втора година по ред го зазема првото место за јаскап град за излегување, според пресметките на Deutsche Bank.



Состанок со сите нишани во банкарскиот центар на Швајцарија ќе ве чини околу 195,90 долари, стои во специјалниот извештај на Deutsche Bank во кој се додава дека во состанокот се пресметани трошоците за такси превоз, вечера за двајца, безалкохолни пијалаци, карти за во кино и неколку пива.

Покрај Цирих, најскапи градови за излегување на состанок во светот се Осло, Токио, Амстердам, Њујорк, Брисел, Лондон, Париз и Хонгконг.



На оваа листа Париз се наоѓа на 14. Место од вкупно 47 градови.

Најевтино ќе поминете на состанок во Џакарта, Куала Лумпур или Манила.



Пет пива и две кутии цигари најскапо ќе ве чинат во Осло и во Мелбурн, 75 долари, што е за 119 проценти поскапо отколку на Менхетн.

Истиве овие производи се најевтини во Чешка и во Јужна Африка.

No comments

Powered by Blogger.