Ги рушат сите закони на логиката: Најмистериозните места на светот ќе ве натераат да се замислите

Пишува: Tочка

Ви ги претставуваме петте најневеројатни места на светот. Некои од нив тој епитет го заслужиле со нереална убавина, а некои поради мистеријата со која се окружени.

Бан Гиок водопади

Бан Гиок се наоѓа на границата на две држави - Виетнам и Кина. Окружен е со карпи и зелена шума, а водопадите се спуштаат во реката Квај.

Висината на водопадот не е толку импресивна, но тоа што остава без здив се каскадите на кои водата паѓа.

Во текот на дождовната сезона, количините на вода во реката Квај стануваат многу поголеми од обично, па и водопадот делови поимпозантно.

Падот на водопадот е 30 метри, а поделен е на три дела камења и дрвја.
Искривена шума

Во оваа шума има околу 400 борови кои растат искривени под агол од 90 степени. Вистинската причина за овој феномен уште не е позната. Дополнително буни фактот дека овие стебла се окружени со уште поголема шума во која дрвјата растат на вообичаен начин.

Шумата се наоѓа покрај градот Грифин во Полска. Иако постојат многу теории кои се обиделе да го објаснат овој феномен, вистинската причина не е позната.

Се проценува дека стеблата се засадени во 1930. година, и дека биле стари помеѓу 7 и 10 години кога нешто ги искривило.

Некои сметаат дека гравитацијата е причина за кривење дрвјата, но оваа теорија е малку веројатна, бидејќи гравитацијата ги влече предметите надолу, а не на страна.

Според друга теорија, се смета дека големите количини на снег ги искривиле стеблата. Но, и тоа е многу спорно сценарио бидејќи стеблата во околните шуми растат сосема нормално.
Пештера Сон Донг

Ханг Сон Донг е официјално најголема пештера на светот која се наоѓа во еден национален парк во Виетнам. Толку е голема што во неа може да влезе "Boeing 747", како и населба со површина од 800 метри квадратни, со згради од 40 ката. Во пештерата има мала џунгла и река.

Ја открил Хо Ханг, жител на едно село во близина, а од 2003. година се наоѓа на листата на Светски културни наследства на УНЕСКО.

Локалното население долго се плашело да влезе во неа поради страшните звуци кои се слушале од нејзините длабочини.

Најголемата одаја во Сон Донг е долга повеќе од 5 километри, висока е 20 метри и широка 150 метри.

Во неа може да се најдат и пештерски формации како сталагмити долги 70 метри и карпи високи 250 метри, како и лисици.
Тунел на љубовта

Овој природен тунел се формира веќе со години, а главен "виновник" се патничките возови кои таму минуваат три пати дневно.

Тунелот на љубовта, кој се наоѓа во близина на Клеван, град на истокот на Украина, станал омилено место за романтични парови.

Тунелот всушност е дел од приватна железничка, во близина на Клеван, преку кој до една фабрика три пати дневно се доставуваат дрва.

Кога во пролет раскошниот дрворед позелени, ова место станува омилено за романтичарите.
Остров на змиите

Змискиот остров не го добил ова име без причина. Овој страшен остров е дом на една од најсмртоносните видови на змии на светот, златната змија, чиј отров буквално го топи човечкото месо. Се проценува дека на островот има околу 4.000 единки од оваа змија. Островот е напуштен, а на него има само еден светилник изграден во 19. век.

Се верува дека сер Томас Кавендиш, познат англиски истражувач од 16. век, својот плен од патувањата го сокрил токму на овој остров и дека богатството уште чека храбар пронаоѓач кој ќе се соочи со најсмртоносните змии.

No comments

Powered by Blogger.