Во локва крв: Од длабочините на морето испливало чудовиште на површината

Пишува: Точка

На една од магичните индонезиски плажи, локалните жители забележале глетка како од хорор филм. Труп на починато морско чудовиште долго дури 15 метри, испливало на површината на морето.



Локалниот жител Асрул Туанакота (37) затекнал прилично застрашувачка глетка, кому на прв поглед сцената му се причинила како да гледа во превртен брод. Кога се приближил, сфатил дека станува збор за мртво животно, чиј труп пловел по површината додека зад него останувала крвава трага.
Локалните жители набрзо се собрале за да видат за што станува збор, а еден од нив ја овековечил необичната глетка со својот телефон. Не е познато за кое животно станува збор, но се шпекулира дека мртвото животно би можело да биде огромна лигња или труп од кит.

Се верува дека сушстеството било мртво најмалку три дена пред да биде пронајдено.

No comments

Powered by Blogger.