Путин не го допираат критиките од МекКејн: "Мене тој човек дури и ми се допаѓа, го сакам поради..."

Пишува Toчка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во интервју за американскиот режисер Оливер Стоун рекол дека републиканскиот сенатор Џон МекКејн "му се допаѓа до некоја мера", но дека живее во "стариот свет", мислејќи на неговата реторика против Кремљ, и порачал дека САД и Русија мора да соработуваат на заеднички предизвици.

МекКејн минатата седмица рекол дека Путин е поголема закана за глобалната безбедност од ИСИС и предупредил дека Сенатот ќе инсистира на воведување на построги санкции за Русија, поради наводното мешање на Русија во минатогодишните избори во САД.



"Мене ми се допаѓа сенаторот МекКејн до некоја мера. Не се шегувам. Го сакам поради неговиот патриотизам и можам да се пронајдам во неговата истрајност во борбата за интересите на сопствената држава", рекол Путин во текот на снимањето на новиот проект на Стоун, "Интервју со Путин".



Рускито претседател рекл дека, и покрај тоа, МекКејн живее во стариот свет и дека луѓето како што е тој со скептицизам гледаат кон иднината не сакаат да прифатат колку брзо се менува светот.

No comments

Powered by Blogger.