Утре прва седница на Владата



На утрешната прва владина седница најверојатно ќе се разговара за кандидатите за функционери од вториот и третиот ешалон.

Засега се шпекулира дека ДУИ и Алијансата ќе имаат четворица или петмина заменици-министри, и тоа за финансии, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за образование и за одбрана.

Се очекува на утрешната седница на Владата да стане збор и за оградата околу зградата на Владата, за која е најавено дека ќе се отстрани за да се отвори пристапот до Владата, како што беше претходно.

No comments

Powered by Blogger.