Не ги чувајте телефоните во џеб

На деликатните уреди како што се телефоните не им е местото во задниот џеб.



За среќа, жените одамна се потпираат на чантите, па проблемот со шетањето на телефонот во џеб се јавува најчесто кај мажите.

Сите вие кои сѐ уште тврдоглаво продолжувате да ги користите панталони како место за чување на вашите телефони и паричници сериозно мора да размислите да си купите некој ранец или чанта, а еве зошто:

Телефоните не се виткаат

Телефоните не се направени да бидат нечие столче. Едно е случајно да седнете на него, а друго е секојдневно да го изложувате вашиот телефон на таква гимнастика. Кога еден ваков уред може да чини повеќе и од персонален компјутер неразумно би било да го чувате во задниот џеб.

Опасност од кражба



Џепчиите сакаат луѓе со телефони во задните џебови од фармерките. Не дека човек не може да остане без чанта или пак биде ограбен, но скапиот телефон којшто ѕирка од вашиот џеб небаре моли да биде дрпнат.

Го кочите напредокот на технологијата

Сите вие кои продолжувате со оваа лоша навика сте причината за појава на телефони од типот на iPhone SE. Наместо технологијата да оди напред таа се стреми да направи телефон кој ќе го собира во џеб. Пред да побарате нова мода, и нови фармерки, полесно ќе ви биде да ги смените вашите навики.

No comments

Powered by Blogger.