Канје Вест за Ким: „Од неа направив модна икона, а таа ме срами”

Пишува: Точка

Иако после спорните фотографии, со свои објави се обидела да докаже дека сепак има совршено тело, не успеала да ги задржи следбениците на Инстаграм. Поточно, изгубила околу 100.000.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (36) неодамна привлече големо внимание кога во јавноста се појавија нејзини фотографии од плажа во Мексико на кои се гледа дека има прилично голема количина на целулит. Спорните фотографии го налутиле нејзиниот сопруг Канје Вест (39) кој, како што раскажал анонимен извор, тврди дека на тој начин многу се избламирала.



„Канје ја претвори во модна икона, а поради фотографиите од одморот во Мексико, Ким сега изгледа евтино“, рекол изворот. Со оглед на тоа што досега акцентот го ставаше на нејзината раскошна позадина, не е за чудење што после фотографиите многу од нејзините фанови се разочарани.



Иако подоцна со свои објави се обидела да докаже дека сепак има совршено тело, не успеала да ги задржи следбениците на Инстаграм. Поточно, изгубила околу 100.000.

„Канје е лут на Кортни, бидејќи намерно ја сликала. Нејзиниот задник полн со дупчиња му наштети на нејзиниот бренд“, додал изворот. Сепак, се чини дека старлетата не е многу потресена од целата оваа збрка.


„Јас само седам на плажа со моето секси тело“, напишала Ким Кардашијан на социјалните мрежи.

No comments

Powered by Blogger.