Меланија Трамп се вселува во Белата куќа

Откако минатата недела одекна веста дека Меланија и Доналд Трамп ќе се разведат и тоа поради нејзините наводни афери, од Вашингтон денеска стигнуваат нови вести дека Меланија се вселува во Белата куќа.



Извори блиски на претседателската двојка велат дека Меланија веќе се пакува и дека на 14 јуни ќе влезе во претседателската резиденција. Тој датум го избрала бидејќи тогаш е 71-от роденден на нејзиниот сопруг и би било убаво двајцата да испратат убава фотографија во светот, по снимката на која се гледа како Меланија го удира кога тој се обидува да ја фати за рака.

Нивниот брак е долго време цел на медиумите кои тврдат дека нивниот однос опстојал благодарение на неговата победа на изборите. Се претпоставува дека нивните адвокати склучиле договор според кој развод нема да има се додека Доналд е претседател на САД.

No comments

Powered by Blogger.