Приватниот џет на Елвис Присли е на аукција: Секој сантиметар од авионот е дизајниран од Присли самиот



Седиштата во авионот се црвено кадифени - по вкусот на легендата.

Иако не е потврдено, се обложуваме дека омилената боја на Елвис Присли била црвената. Како да не си помислиш, тој имаше залепено тапети во оваа боја во неговиот поранешен дом во Палм Спрингс. А најновиот доказ доаѓа во форма на Lockheed Jetstar од 1962-ра година, кој го има дизајнирано тој самиот па во него има дрвен мебел и црвени, кадифени седишта и рунтав тепих.



Музичарот го делел приватниот џет со неговиот татко, Вернон Присли. Но, по смртта на Кралот, џетот седел напуштен на пистата во Росвел, Ново Мексико, изминатите 35 години. Сега авионот е даден на јавно наддавање за секој кој би сакал д апатува како рок ѕвезда - иако ќе биде потребна многу работа за моторите да го кренат од земја ретро моделот. А изгледа дека добро ќе му дојде и префарбување.



Но, ако купувачот сепак не е заинтересиран за летање колку што е за Присли, ќе биде среќен да знае дека внатрешните работи на авионот не се допирани или променети од последниот пат кога Присли летал во него. Победникот на аукцијата исто така ќе добие оригинална документација потпишана од самиот Присли која во детали ги дава неговите планови и скици за дизајнот на авионот, што е прилично кул.



Авионот оди на аукција во сабота, 27-ми мај, а се очекува да се продаде за помеѓу 2 долари и 3.5 милиони долари. Всушност, моменталната понуда е веќе на 126.000 долари. Со оглед на тоа дека другите два приватни авиони на Елвис Присли во моментов се изложени во музејот "Елвис Присли" во Тенеси, останува да се прашуваме дали и овој ќе им се приклучи. Но ќе мора да почекаме до сабота за да дознаеме.







No comments

Powered by Blogger.