Најскапиот развод на светот

Наталија Потанина, поранешната сопруга на рускиот милијардер Владимир Потанин, поднесе нова тужба против него во која бара да и исплати 849,5 милијарди рубљи, односно околу 15 милијарди долари.



Поточно, Наталија бара од судот да пресуди дека акциите на Владимир во многу странски и руски компании се имот кои тој ги стекнал додека биле во брак.

Парот беше во брак од 1983 до 2014 година и имаат три деца. Рускиот тајкун во 2013 година побара развод, откако призна дека е во врска со 15 години помлада колешка и дека има дете со неа.


Наталија Потанина

Поранешната негова сопруга веднаш по разводот доби 6,7 милиони долари и три недвижни имоти во Москва. Но, сега тврди дека Владимир намерно се ослободил од имотите стекнати во брак и ги препишак на некој друг за да не мора да и исплати тоа што го бара.

Инаку, Владимир Потанин е четвртиот најбогат човек во Русија, а неговото богатство се проценува на 12 милијарди долари. Неговата сопруга тврди дека тој има многу повеќе и дека богатството го крие во офшор компании.

No comments

Powered by Blogger.