Први фотографии од мисијата Џуно: Јупитер не е тоа што мислевме

Сондата Џуно испрати нови фотографии од Јупитер, а научниците од НАСА имаа полни раце работа да дознаат повеќе за оваа планета. Според Скот Болтон, кој работи на проектот, Јупитер многу се разликува од тоа што го очекувавме.



Сондата направи пет кругови што значи дека научниците досега имаат откриено интересни работи за планетата, како на пример тоа дека половите драстично се разликуваат од средишниот дел, а механизмите кои влијаат на создавање на поларна светлина на Јупитер и Земјата не се исти.

Оваа мисија на НАСА чини 1,1 милијарда долари, а целта е да се научи за еволуцијата на Јупитер. Сондата користи осум научни инструменти кои имаа за цел проучување на структурата, составот, магнетните и гравитационите полиња на планетата.







No comments

Powered by Blogger.