Во долината на морничавото: Оваа девојка не е ниту актерка, ниту политичарка – таа дури и воопшто не е жива!

Пишува: Точка

Џија Џија е бринета со раскошна долга коса, блескав тен и одмерено држење на телото. Таа досега успеала да ја прошета целата планета, често облечена во традиционална облека од својата родна Кина на своите јавни настапи. Медиумите ја опишуваат како божица.

Но, Џија Џија не е ниту актерка, ниту политичарка, ниту пак божица – таа дури и не е ниту жива! Џија Џија е робот којшто според својот изглед е најслична до хомо сапиенсот воопшто во историјата на роботиката, но има нешто што сепак ѝ недостасува...

Всушност, воопшто не е страшно тоа што таа малку се збунила во текот на своето последно интервју коешто патем го дала на англиски јазик, кога покажала дека и не успева сосема да води дури ниту секојдневен разговор. Имајќи предвид колку брзо напредува развојот на вештачката интелигенција, нејзините креатори во следните неколку години, ако ништо друго, ќе го подобрат нејзиниот речник како и нејзините способости за разбирање на комплексните теми за разговор.

Но она што на Џија Џија навистина ѝ недостасува, тешко може да се опише со зборови. Чувството коешто се буди кај луѓето кога се во непосредна близина на едно вакво “здание” најдобро се опишува со терминот којшто по овој повод прв го кажал јапонскиот роботичар Масахиро Мори, и тоа пред повеќе од 40 години – долина на морничавото.

Мори, кој оваа година го слави својот 90-ти роденден, со сигурност е барем малку горд на фактот дека прв забележал дека на луѓето генерално им се допаѓаат неживите објекти кај коишто луѓето може да препознаат човечки карактеристики, но дека таквата допадливост во еден момент може да прерасне и во потполна одбивност, дури и одвратност кон неприродното. Тој помеѓу останатот изјавил дека забележал како што роботите сè повеќе наликуваат на луѓето, нашите чувства за блискост со нив се зголемуваат, сè додека не дојдеме до таканаречената “долина на морничавото”.

Или кажано со други зборови, колку што роботот повеќе наликува на една жива личност, толку повеќе и ни се допаѓа, сè до моментот кога сличноста станува толку голема, па кај нас доживувањето нагло се трансформира во потполна одбивност. Како што сличноста продолжува да расте, нашето доживување повторно се менува, овојпат на позитивен начин, и најпосле, кога сличноста станува стопроцентна, не правиме воопшто разлика помеѓу роботот и човекот...

No comments

Powered by Blogger.