Ќерката на Трамп ги полуде Саудијците: Иванка добила неколку понуди за брак, не прашувале за цената!

пишува: точка

Иванка Трамп пристигна во Ријад во саботата во рамките на првата официјална посета на Доналд Трамп на Саудиска Арабија, а Саудијците биле толку многу воодушевени од нејзината убавина, па таа добила неколку понуди за брак.

Како и првата дама на САД, Меланија Трамп и Иванка не носеше марама на главата, а пред саудијските највисоки функционери, таа пристигна со својот сопруг држејќи го за рака. Иако ги прекршила речиси сите правила за жени во оваа ултраконзервативна земја, Саудијците биле воодушевени од неа.

На друштвените мрежи имало бројни комплименти на сметка на убавината на Иванка, а таа дури и добила брачни понуди.

На видено снимка која што беше објавена на Твитер, еден човек облечен во традиционалната саудиска облека кој се претстави како Бадр Бин Фад, јавно ја запроси Иванка. Додека му се обраќаше на кралот Салман, тој рече:

„Го молам нашиот крал, чуварот на двете свети џамии за раката на ќерката на американскиот претседател“.

No comments

Powered by Blogger.