Конечно е откриено зошто принцезата Дајана постојано ја држела чантата на градите

Пишува: Точка

Принцезата Дајана била позната по префинетиот моден вкус и нејзините модни комбинации, како дневни, така и вечерни, секогаш добивале пофалби од модните критичари.

Еден од омилените модни додатоци на принцезата Дајана биле писмо чантите. Дизајнерката Ања Хиндмарч открила интересен детал за Лејди Ди и начинот на кој таа ги носела своите мини чанти.



Имено, многу видео снимки и фотографии ја прикажуваат Дајана како додека излегува од автомобил, цврсто ја држи чантата покрај градите. Дизајнерката смета дека Лејди Ди имала добра причина за тоа.



„За да избегне потенцијално непријатни ситуации, како на пример папараците да и` го снимат деколтето додека излегува од автомобил, Дајана секогаш ја ставала чантата на градите“, рекла Ања.

Таа додала дека принцезата на шега го нарекувала овој аксесоар „чанти за деколте“. Инаку, принцезата била една од првите нејзини клиенти и Хиндмарч работела за неа речиси за секоја пригода.

No comments

Powered by Blogger.