Имаме нова земја со најголем број на население: Кина падна на второ место

Пишува: Точка

Индија стана најнаселена земја во светот, утврди американскиот демограф предизвикувајќи шок меѓу експертите во светот.

Ји Фусиан, академик од Универзитетот во Висконсин-Медисон, кој со години се бори против популациската политика на Кина, за која официјално се сметаше дека е најголема држава по број на население на светот, ги објави новите сознанија на конференцијата одржана во Пекинг.
Тој изјави дека е убеден дека кинеските статистичари го проценуваа населението во последните 26 години на околу 90 милиони.

Според тоа, бројот на населението на крајот на оваа година во Кина ќе биде 1,29 милијарди. Тој во интервју за Guardian ги потврдил своите тврдења истакнувајќи дека официјалните статистики според кои во Кина живеат 1,32 милијарди луѓе се неточни.





"Мислам дека сега бројот на население во Кина изнесува 1,29 милијарди, а во Индија околу 1,32 милијарди", изјавил Фусиан.

No comments

Powered by Blogger.