Скриениот талент на Кендал Џенер се крие во фотката на Бела Хадид

Конечно нешто добро и паметно од кланот Кардашијан-Џенер: Кендал е прилично добар фотограф со сериозен талент. Последните фотки кои таа ги објави на својот Инстаграм профил го отсликуваат нејзинот сиров талент и според многумина 21-годишниот модел има светла иднина доколку се одлучи за фотографска кариера.



Црно-белиот портрет на Бела Хадид направен на последниот Fashion Week во февруари одлично го доловува сензибилитетот кој се крие позади талентот на Кендал.



Втората интересна фотка е намерно заматена, но јасно покажува дека Кендал не употребила телефон за истата, туку фотоапарат и долга изложеност при фотографирањето.



На третата е Кајли, повторно црно-бела фотка која потсетува на диско ерата. Сите три фотки се дел од Fashion Week и останува само да се запрашаме зошто ѝ требало толку многу време да ги објави, со оглед на фактот што се одлични.



Минатата година таа ја фотографираше и ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер, за фотосесија во списанието LOVE, како и актерката Сиена Милер за истоименото списание која ја красеше февруарската корица.





Истовремено доби огромен број комплименти за ангажманот, а луѓето кои ја ангажираа ја пофалија нејзината естетика, како и професионалното однесување и одговорноста.

Љубовта кон фотографирањето Кендал ја сподели во шоуто на Џими Фелон, а направија и мала фотосесија:

No comments

Powered by Blogger.