Исламската држава го предизвика Путин на Денот на победата: Терористите објавиле снимка од убиство на руски разузнавач

Пишува: Toчка

Таканаречената Исламска држава, денес објавила видео на кое се гледа погубувањето на едно лице, за кое се тврди дека е руски разузнавачки офицер, заробен во Сирија, објавено е на сајтот за надгледување на терористичките активности - "SITE", чие седиште се наоѓа во САД.

Руското министерство за одбрана и Федералната служба за безбедност - "FSB", не биле достапни за коментар, истакнува Reuters.

На видео снимката на руски јазик, објавена на денот кога Русија со традиционална воена парада ја прославува победата над нацистичка Германија во 1945. година, прикажан е маж во црн комбинезон како клечи во пустина и ги повикува другите руски агенти да се предадат.



"Овој идиот верувал во ветувањата на својата држава дека нема да го напушти доколку го заробат", рекол човекот со брадата пред да го обезглави.

Снимката трае 12 минути, но нејзината автентичност и идентитетот на мажот не можело веднаш да се утврдат, ниту е познато кога се случило убиството.

No comments

Powered by Blogger.