Сите погледи биле вперени во оваа ризична тоалета: Што се случило кога ја тргнала раката?

ПИШУВА: ТОЧКА

Кога станува збор за Канскиот филмски фестивал, навикнавме на екстремно длабоки шлицови, уште подлабоки деколтеа и провидни ткаенини кои откриваат речиси се`. Но, вакво нешто се` уште не сме виделе.

Кога модниот дизајнер Жан Пол Готје се појавил со атрактивна девојка на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, сите погледи во истиот момент биле вперени во нив двајца.



Придружничката на славниот дизајнер на црвениот тепих се појавила во многу необична креација која изгледа како преку многу разоткривачки фустан да нагрнала машки капут кому му фали една страна. Оригиналниот стајлинг го комплетирала со чевли на висока платформа.



Многу конфузно, но го постигнала вистинскиот ефект! За оваа креација ќе се зборува уште долго време. А, ако многумина помислиле дека кога ќе ја тргне раката ќе покаже и повеќе отколку што треба, се излажале. Фустанот си останал на своето место.

No comments

Powered by Blogger.