Трамп го отпушти директорот на ФБИ

Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Комеј, кој ја водеше истрагата за наводната поврзаност на тимот на Трамп со Русија, јавуваат светските медиуми.



Портпаролот на Белата куќа Шон Спицер изјави дека Комеј е „отпуштен и отстранет од канцеларијата“.

Трамп за ваквиот потег наводно бил советуван од главниот државен обвинител Џеф Сесионс и неговиот заменик Род Розенштајн, со што го шокираа Вашингтон.

Демократите брзо реагираа и предупредија дека овој потег ќе доведе до уставна криза, бидејќи Трамп со ваквиот чекор се ослободил од човекот што ја водел истрагата против него.

Трамп во една изјава рече дека потрагата по нов директор „ќе започне веднаш“.

„Мораме да пронајдеме ново водство кое на јавноста ќе и ја врати довербата и безбедноста“, рече Трамп.

No comments

Powered by Blogger.