Мајка го оставила своето бебе само со три пит були на пет минути: Кога се вратила по него, затекнала ужасна сцена

 Пишува: Toчка     

Некој од пријателите се вратил во домот да го провери бебето и го затекнал со ужасни повреди на главата. Покрај него стоел пит бул со крвава муцка.

Мајката го оставила своето новороденче од три недели само во соба со три пит були на „само“ пет минути, додека таа излегла со гостите во дворот од куќата во Мичиген. Тоа било доволно за ова семејство да се соочи со ужасна трагедија.



Имено, девојчето Сузана Жан Мареј, била оставена во носилка во собата со кучињата, а кога еден од пријателите се вратил во куќата за да ја провери, ја затекнал со повреди на главата. Покрај неа стоел пит бул со крвава муцка.

Бебето веднаш било превезено во болница, каде што било оперирано, но следното утро починало поради повредите, пренесува Daily Mail.



„Нашето злато Сузи, старо само три недели, им се придружи на ангелите на небото“, пишувало во некрологот.

Никој не е уапсен поради оваа трагедија, а животните биле одведени во карантин.



„Кога имате бебе во куќата, кое е целосно беспомошно, возрасните не смеат да го оставаат само ниту на минута. Овој трагичен настан нека ни биде потсетник на сите нас да не ги оставаме децата без надзор со кучиња“, порачале од локалната полиција.

Соседите сведочеле дека кучињата воопшто не биле мирољубиви и пријателски настроени.

No comments

Powered by Blogger.