Путин го брани Трамп, повеќето Американци поддржуваат импичмент

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп не открил никакви тајни на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на состанокот во Вашингтон минатата недела и тоа може да се докаже.



Путин изјави дека Русија е подготвена да го предаде транскриптот од состанокотот на Трамп и Лавров на американските законодавци ако тоа помогне да се уверат, изјавија официјалните претставници во Москва.

Сепак, последните истражувања покажуваат дека, за прв пат, повеќе Американци го поддржуваат почнувањето на постапката за импичмент на Трамп, отколку што се противат на тоа.

Според анкетата, спроведена од страна на компанијата “Анкетари за јавна политика”, блиска до Демократската партија, 48 проценти од Американците поддржуваат постапката за импичмент на претседателот Трамп, додека 41 отсто се против.

Пред три месеци, слично истражување покажа дека американската јавност е подеднакво поделена околу ова прашање.

No comments

Powered by Blogger.