Венецуела врие: Турната и искршена статуа на Хуго Чавез (Видео)

Еден 20-годишен демонстрант почина во Венецуела откако беше застрелан во главата, што го зголеми бројот на жтртвите на најмалку 37 лица за еден месец, откако почнаа протестите против власта.



Канцеларијата на државниот обвинител, која ја бележи официјалната бројка на смртни случаи од почетокот на протестите против социјалистичкиот претседател Николас Мадуро во почетокот на април, потврди дека демонстрантот починла откако беше застрелан.

Уште 717 луѓе се повредени, а 152 се уште се во затвор, по широко распространетите немири низ државата која брои 30 милиони луѓе.

Демонстрантите урнаа и статуа на починатиот лидер Хуго Чавез на плоштад во провинција во близина на Каракас.
“Студентите ја уништија статуата на Чавез. Тие со право го обвинуваат за уништување на нивната иднина “, рече опозицискиот пратеник Карлос Валеро во врска со инцидентот.

No comments

Powered by Blogger.