Мајка се заканила со бомба за да може синот да полага испит

Поддршката од родителите е многу важна за да успееме во животот, но оваа мајка ги премина границите.



М.В. (50) од Белград се јавила во централата на Медицинскиот факултет и се заканила дека ќе фрли бомба во факултетот.

Подоцна жената се јавила во полиција и признала што направила, со оправдување дека сакала син ѝ, кој студира на тој факултет, да добие на време за да собере потписи од професорите што му биле потребни како услов да полага испит.

Според правилата на факултетот, студентот мора да има потписи за редовно посетување на настава и вежби од предметот за да може да го пријави полагањето на испитот.

Синот на М.В. не успеал да ги собере на време тие потписи и таа најверојатно помислила дека ќе му помогне со тоа што ќе им се закани на надлежните со бомба.

„Најверојатно помислила дека поради евентуалната евакуација и прекинот на наставата синот ќе може да го одложи пријавувањето на испитот, а во меѓувреме да ги собере потписите“, вели извор од полицијата.

Секоја година во Србија има огромен број на лажни дојави за подметнати бомби. Најмногу лажни закани има во судовите, но има и ученици кои лажно пријавуваат бомби во училиште за да не полагаат тестови.

Во пракса, во Србија за лажна дојава за бомба најчесто се изрекува условна казна затвор, како и парична казна.

No comments

Powered by Blogger.