Уште еден Американец затворен во Северна Кореја

Државната новинска агенција на Северна Кореја објави дека Ким Хак Сонг, државјанин на САД, бил уапсен под обвинение за „непријателски акти” против владата. Тој е четвртиот Американец што сега е притворен во земјата, во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.



Стејт департментот на САД потврди дека има извештаи дека е уапсен еден нивни државјанин. Американците уапсени во Северна Кореја, каде правниот систем е целосно нетранспарентен, а условите во затворите сурови, имаат малку опции за спас.

САД се поврзува со притворените граѓани преку дипломатската мисија на Шведска во Пјонгјанг бидејќи Вашингтон нема формални односи со херметички затворената држава.

No comments

Powered by Blogger.