Бура во заливот: Катарскиот емир го одбил Трамп и го праќа шефот на дипломатијата во Москва

Пишува: Точка

Катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал Тами, нема намера да патува во Вашингтон на повик на американскиот претседател Доналд Трамп.

"Емирот нема намера да го напушти Катар, се додека државата се наоѓа во блокада", рекол изворот за Reuters.



Претходно било соопштено дека Трамп во телефонски разговор со емирот на Катар му понудил помош на него и на државите кои ги прекинале односите со оваа земја.





Меѓутоа, одбивајќи да го посети Вашингтон, Тани го пратил во Русија шефот на дипломатијата на Катар, Мухамед бин Абдел Рахман бил Џасем ел Тани.





Министерот би требало да допатува во Москва и да разговара со својот руски колега, Сергеј Лавров.

No comments

Powered by Blogger.