Заев: Нема да градиме споменици, парите ќе бидат насочени кон граѓаните

„Медиумите треба да бидат критички насторени и коректори на извршната власт. Очекувам медиумите да си ја вршат својата улога, вклучително и националната телвизија МТВ“, рече премиерот Зоран Заев на дебатата со новинарите на Македонската телевизија.



„Македoнската телевизија ќе биде независна и финасирана од буџетот. Очекувам критички настроени вести, односно во оној дел каде што власта греши да се критикува. Јавноста треба објективно да биде информирана. Ние ветивме реформи во медиумите, а тие се однесуваат токму на ослободување од стегите во кои беа досега. Ако Заев, не го исполнил она што го ветил, јавноста тоа треба да го знае“, рече премиерот Зев.

Воедно тој рече дека ќе биде укината и радиодифузната такса која е една од мерките што ги ветивме пред граѓаните. МТВ ќе се финасирана од буџетот и нема да има дел од комерцијалниот колач.

Владините реклами како што беа пракса на претходната власт, нема да бидат на оваа, додаде Заев. Владата ќе се огласува на јавниот сервис, исклучиво преку соопштенија и известувања до граѓаните.

Во однос на надворешната политика, премиерот Зоран Заев рече дека новата Влада ќе гради мостови на пријателство со соседите, пред се со јужниот сосед.

Токму на новинарско прашање, дали постои опасност Грција пак да ја блокира Македонија во однос на влезот во НАТО, Заев рече дека новата Влада ќе се заложи да ги подобри односите со Грција и да овозможи нашиот јужен сосед да се согласи да прифати Македoнија да влезе во НATO под привремената референца.

„Јас немам проблем да ја замолам Грција да имаат разбирање за нас и да ни овозможат да влеземе во НАТО. На крајот, тоа ќе биде придобивка и за нив, не само за нас. Ќе имаме стабилен регион и тој процес ќе биде заокружен. Ќе ја смениме реториката во нашите разговори. Нема да градиме споменици и да провоцираме со имиња и историски факти кои задираат во емотициите. Ние сме свесни дека Грција може да не блокира уште 35 пати и тогаш кој би бил нашиот бенефит да ја имеме за непријател“, рече Заев.

За односите со Русија, Премиерот рече дека нема проблем да гради односи и економски да соработува. Но, рече дека ако Русија е навистина пријател на Макеоднија, ќе има разбирање дека нејзината цел се евроинтеграциите. Местото на Макеоднија е во ЕУ, посочи Заев.

„Менувањето на судиите ќе мора да се изврши согласно препораките на Прибе и Венецијанската комисија“, рече Заев.

Тој вели дека мора да се постават темели на независно судство, ако сака да биде членка на ЕУ и да се движи напред кон тие процеси.

Заев рече дека ќе бидат расветлени и случаите Монструм , Диво Насење и Монструм. Доколку се докаже дека некој од министрите е вмешан во овие случаи ќе биде разрешен од функцијата, додаде Заев.

Првите задачи на новите министри ќе биде да истражат колку пари се потрешни во вид на државна помош, за субвенционирање на странските инвеститори, рече премирот Зоран Заев на дебатата на МТВ.

Тој посочи дека новата Влада првично ќе се заложи да овозможи клима за домашните инвеститори, а ќе бидат добре дојдени и странските.

„Сметам дека успешна јавна власт е она која што ќе успее да соберените пари да ги изменаџира на тој начин што ќе ги врати кон граѓаните. Ние имаме цел парите веднаш да ги враќаме кон граѓаните. Знаеме дека нема да биде лесно. Затоа што Македонија е алартмантно задолжена, може да има и скриени долгови, тоа допрва треба да го истражиме. Колку што имам информација во буџетот нема 130 милиони евра, туку само 6“, рече Зоран Заев.

„Потребни се сериозни реформи во МВР. Има разидување околу тоа дали таму треба да седне човек од експертската фела или пак да биде политича фигура.Сепак, мојот личен став е дека ова важна институција треба да биде професионална и незавина , па според тоа тука решението треба да биде од редот на професионалци во службата“, додаде премиерот Заев.

No comments

Powered by Blogger.