На претседателката на Хрватска ѝ се смее цел регион: "Посакувам мене некој да ме гледа како Колинда, Трамп"

Пишува: Точка

Еден поглед илјада зборови...

Американскиот претседател Доналд Трамп не престанува да биде тема на разговор во регионот. После епизодата со премиерот Душко Марковиќ, на интернет циркулира односот на хрватската претседателка, колинда Грабар-Китаровиќ кон претседателот на САД, Доналд Трамп.
Претседателката на Хрватска на секој можен начин се обидува да му го привлече вниманието на својот колега од САД. Иако според протоколот, Китаровиќ би требало да биде далеку од Трамп, таа сепак успеала да се "избори" за место во близина на американскиот претседател...
Како сончогледот кон сонцето, така и таа кон Трамп, не ја давала својата позиција до која стигнала со големи потешкотии до самиот крај на средбата.

За оваа пригода, Китаровиќ облекла чипкан фустан во интензивна црвена боја. Додека го следела во чекор претседателот на Америка, кимнувала со главата и се обидувала да започне разговор, но ништо не успеало.
Сепак на Трамп се чини како сѐ да му било позабавно од колешката од Хрватска, вклучувајќи и куцкање на мобилен, разгледување на околината... но таа не се откажувала.


Откако камерите ги "фатија" заљубените погледи на Колинда кон Трамп, на самитот на НАТО во Брисел, социјалните мрежи експлодираа.
Шегите на сметка на хрватската претседателка го преплавија интернетот, а Твитер заедницата доби посебна инспирација па така таму можеше да се прочита "Љубовни цели - некој да ме гледа како колинда - Трамп", "Изгледа дека Колинда треба да го преземе местото на Меланија", "Колинда се заљуби" итн ...

No comments

Powered by Blogger.