Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Египет

Терористичката организација Исламска држава соопшти дека нивните борци го извршиле нападот вчера врз египетските коптски христијани при што загинаа десетици луѓе.



„Безбедносниот оддел на Исламска држава го изврши вчерашниот напад во Минија, напаѓајќи го автобусот во кој беа Коптите и убивајќи 32 од нив”, јавуваат медиумите кои важат за блиски на Исламска држава.

Египетските власти соопштија дека нападот се случил кога христијаните патувале со автобус кон манастирот кој се наоѓа околу 200 километри јужно од Каиро. Според нивните информации, 29 луѓе загинале во нападот, а 13 се хоспитализирани.

No comments

Powered by Blogger.