Продадена е круната на американската инфраструктура: Оваа земја сега ја поседува најголемата нафтена рафинерија во САД

Пишува: Toчка

Експертите сметаат дека договорот е последниот во низата на потези на компанијата „Арамко“ во рамките на нивната стратегија за купување на што е можно повеќе рафинерии ширум светот.

Рафинеријата „Порт Артур“ кој е најголема на северноамериканскиот континент, од сега е во 100% сопственост на Саудиска Арабија. Со само еден потег на пенкало, ова сунитско кралство обезбеди влез на богатиот американски пазар со нафта во многу важен момент за економиите на двете земји.

Експертите сметаат дека овој постигнат договор е еден од низата на потези во рамките на стратегијата на „Арамко“ да бидат купени што е можно повеќе рафинерии за на клиентите да им биде обезбеден континуиран пристап до енергенсите, без разлика на трошоците.

Последниот договор бил постигнат во понеделникот, со што „Арамко“ и официјално доби апсолутна сопственост над рафинеријата „Порт Артур“ и на над 24 терминали за дистрибуција. Така „Арамко“ обезбеди скок на вредноста на акциите пред инвеститорите да излезат со иницијалните јавни понуди.



„Порт Артур“, нафтена рафинерија која што многумина ја опишуваат како „круната“ на американската инфраструктура, има капацитет на обработка на над 600 илјади барели нафта дневно.

„Арамко“ следната година ќе оди на јавна лицитација, а саудиската влада се надева дека иницијалната јавна понуда ќе изнесува најмалку 2 билиони долари, што дефинитивно би била најголемата понуда во историјата.

„Купувањето на „Порт Артур“ е остварено со цел Саудијците да бидат подготвени да го проценат „Арамко“ на највисоката можна сума, пред да биде ставен на јавна лицитација“, смета Ендру Холанд, експерт за енергетика од вашингтонскиот Американски безбедносен проект (ASP).



Саудиска Арабија и другите држави кои што економски претежно се потпираат на производството и дистрибуција на нафта, погодени се од ниските цени на енергентите, поради што се започнати големи економски реформи и промена на долгорочната финансиска стратегија.

Освен во САД, саудиски „Арамко“ купи нафтени рафинерии во Кина, Јапонија, Индонезија, Јужна Кореја, а моментално истражува нови наоѓалишта во Малезија и Индија.

No comments

Powered by Blogger.