Шварценегер до Трамп: Само јас можам да се вратам во минатото

Многу славни личности изразија негодување по одлуката на Доналд Трамп поради повлекувањето од Парискиот договор за климатски промени. Меѓу нив е и славниот Терминатор, Арнолд Шварценегер.



„Првата задача на претседателот е да ги заштити луѓето, а 200.000 луѓе во САД секоја година умираат од загадување. Господине претседателе, изберете иднина. Никој не се сеќава на луѓето кои му рекле на претседателот Кенеди да не испраќа луѓе на Месечината. Сите се сеќаваат дека бил голем лидер. Големите лидери не се враќаат во минатото, туку одат напред во иднината“, вели Шварценегер, шегувајќи се дека ниту еден човек, освен него, не може да се врати во минатото.

Тој му порача на Трамп дека силната еколошка политика го поттикнува развојот на економијата и дека најголемата одговорност на претседателот на државата е да ги заштити луѓето.

No comments

Powered by Blogger.