Залудно го „пегла“ целулитот на Инстаграм: Папараците повторно ја фатија во лошо издание

Пишува: Точка

Раперката Иги Азелија е вистински доказ дека огромната силиконска позадина и вештачките облини во реалноста воопшто не изгледаат убаво...

Иги моментално е на едрење во Мексико на луксузна јахта во друштво на пријатели. Таа ги истакнала своите облини во бикини во боја на лаванда, но исто така, ги покажала и своите недостатоци.



Имено, кога им го свртиле грбот на папараците, имале што да видат. Но, тоа не е она што најмногу ни пречи.



Не е проблем тоа што славната раперка има целулит. Во денешно време, целулитот е нешто со кое се соочува речиси секоја жена, а некои „плус сајз“ модели дури и посебно го потенцираат и покажуваат.



Но, проблемот е во тоа што на Инстаграм профилот на Иги не можете да видите ниту една фотографија која не поминала низ Фотошоп. Нејзините „испеглани“ фотографии покажуваат тенка половина и совршена позадина, кои во реалноста ги нема, пишува Daily Mail.



И минатата година раперката беше фотографирана во прилично нерепрезентативно издание, но се чини дека оваа сезона Иги се појавила во костим за капење со значително помалку целулит.









No comments

Powered by Blogger.