Се приближуваме до војна: Шефот за сајбербезбедност на Франција открил страшни податоци

Пишува: Точка

Шефот за сајбербезбедност во француската влада Гијом Пупар, предупредил денес дека ризикот од константна војна во сајберпросторот поради хакерските напади е се поблиску. Рекол дека целта на нападите се шпионажа и измами кои ги вршат земјите и криминалците.

Пупар рекол дека во "смисла на ефект и влијание, јасно се приближуваме до состојба на војна".



Се наведува дека тој се пожалил на недостиг на заеднички утврдени правила за владеење во сајбер просторот и рекол дека нациите "мора да работат колективно, не само со две или три западни земји, туку на глобална скала".



Пупар навел дека државната агенција на чие чело се наоѓа не пронашла никакви траги од озлогласени руски хакерски групи во текот на истрага за хакување и протекување на документи, која ја започнале во предизборната кампања на францускиот претседател Емануел Макрон.


No comments

Powered by Blogger.