Плажи на смртта: Ова се седумте најубави и најопасни морски брегови на светот

Пишува: Точка

Од силни струи па до напади на ајкули и отровни медузи, овие плажи мамат со својата убавина, но нивната мрачна страна е страшна.

Од Австралија до Европа, планетата е полна со скриени агли на кои убавината на морето и брегот е како сцена од рај. Ни го одземаат здивот и сакаме само да се препуштиме и да уживаме во капењето и сончањето. Сепак, некои од нив, колку и да се убави, во себе кријат тајна опасност.

Њу Смирна ја сакаат луѓе, но и ајкули

Плажата Њу Смирна во американската држава Флорида е многу убава и популарна, но поради честите напади на ајкули е прогласена за една од најопасните на светот. Дури 15 проценти од вкупните светски напади на ајкули на луѓе во 2007. година се случиле токму на таа плажа.

Но, ајкулите не се единствените ѕверови кои напаѓаат од морските длабочини.

Отровна медуза која убива во рок од две до пет минути

Во Квинсленд во Австралија постои плажа која се вика Кејп Трибулејшн. Таму освен ретки посети на крокодили и отровни змии, од самата вода "демнат" и отровни медузи. Тешко е да се забележат поради проѕирното тело, но кога ќе "изгорат" човек, жртвата може да умре од 2 до 5 минути по средбата.

Опасни морски струи: Се удавиле повеќе од 83 луѓе

Покрај ајкули и медузи, закана по безбедноста на човекот во морето често се и морските струи. Морксите струи на плажата на Ханакапиаи на Хаваите е толку превртлива што може да ги измами и најискусните пливачи. Поради влијанието на струите во околината на плажата наводно се удавиле 83 луѓе, иако локалните весници пријавиле 30.

Реунион

Плажата на островот Реунион е позната по нападите на ајкули. Станува збор за француска територија оддалечена на 225 километри од Маурициус во Индискиот океан.

Од 2011. година таму се забележани 20 смртоносни напади на ајкули, што е 13 проценти од сите напади во светот.

Гансбаи, Јужна Африка

Овој дел од светот е царство на големи бели ајкули. Неколку километри од брегот се наоѓа преминот наречен "Пат на ајкулите", кој е дом на бројни фоки, но и ајкули кои доаѓаат да јадат. Освен ако и самите не сакате да биде оброк, тоа подрачје мора да го избегнете.

Чаупети, Индија

Ова подрачје спаѓа меѓу најзагадените на светот. Капењето во тие води никако не се препорачува, иако домашното население тоа често го прави. Но, тие се навикнати, додека за останатите таму се закануваат сериозни болести.

Плажите на Амазон, Бразил

Да се весла на Амазон значи да се влегува на територија каде владеат пирани, анаконди и електрични јагули. Подобро држете се на брегот, таму има само јагуари.

No comments

Powered by Blogger.