Страшна закана од ИСИС: Џихадистите објавиле мапа од Балканот со порака: Балканот не го заборавивме, само бевме зафатени со други подрачја

Пишува: Точка

Исламската држава во своето последно издание на списанието "Rumijah" за Балканот објавила текст со име "Балкан: Крв за непријателите, мед за пријателите", преку кој пратила отворена закана за земјите од регионот.

Исламската држава порачува дека не го заборавила Балканот, туку дека само биле преокупирани со некои други подрачја.

Во отворената закана исламистите нагласуваат дека "не заборавиле на воените страдања на муслиманите", како и дека заканите се однесуваат на Србите и Хрватите.

Исламистите потсетуваат на терористичките напади ширум светот, нагласувајќи дека тоа би требало да биде опомена.


"Не го заборавивме Балканот и нема да го заборавиме. Не ги заборавивме и Србите. Не го заборавивме убивањето на муслимани во Босна и на Косово. Не го заборавивме злоставувањето на нашите браќа и силувањето на нашите сестри. Не заборавивме што направивте во Сребреница и на другите места. Ние со вас имаме нерасчистени сметки, кои ќе ги платите со крв", стои меѓу другото во заканата за Балканот.

Тие искажуваат отворена закана кон земјите од Балканот, порачувајќи дека "се враќаат", како и дека досега биле преокупирани со некои други подрачја, како Франција, Германија и Британија.
Потсетуваме, пред две години балканските држави често биле наведувани како можна мета на џихадистите. Во 2015. година во видеото "Ние сме исламски хилафет", земјите од Балканот се означени како мети на озлогласената терористичка група.

No comments

Powered by Blogger.