Шок, врисок, паника: Познатиот бизнисмен одеднаш го прекинал говорот и се фрлил од тераса во Мостар

 Пишува : Точка

Бизнисменот Игор Крежиќ од Мостар, одеднаш го прекинал својот говор за време на состанокот на вработените во фирмата и се фрлил од терасата од втор кат.

Неговиот неочекуван потег предизвикал паника, извици и ги шокирал вработените.

Веќе во следните неколку секудни на видеото се гледа како Крежиќ, смеејќи се, слетал на претходно подготвени воздушни перничиња.

Целиот инцидент бил снимен со камери, а неговиот неочекуван потег предизвикал паника и шок помеѓу вработените.

Овој перформанс е резултат од неговата неодамнешна најава дека ќе се активира во политиката. За да илустрира колку очајнички потег би било тоа, тој го извел овој "смртоносен скок", што, како што вели, е "помало" самоубиство од тоа да се занимаваш со политиката во Босна и Херцеговина.

"Пред месец дена ја започнав мојата "политичка кариера." Меѓутоа не ни мислев дека ова ќе прерасне во нешто поголемо од еднодневна шега. Бидејќи мојот годишен одмор се поклопи со мојата "политичка кариера", на првиот состанок кога се вратив, вработените бараа да им го објаснам своето самоубиство кога го изведов неодамна. Политиката ме бутна во бездна, па ја напуштив фирмата (бев на годишен одмор) и го допрев дното на животот од кое не гледам спас", напишал тој на својот Фејсбук профил.

Како и да е, погледнете го видеото.

No comments

Powered by Blogger.