Ова се лицата на лондонските колачи: Полицијата го открила идентитетот на двајцата напаѓачи

Пишува: Toчка

Лондонската полиција ги идентификувала двајцата напаѓачи кои во саботата навечер со комби влетале меѓу пешаците на Лондонскиот мост, а потоа наизменично боделе со нож минувачи во раздвижениот дел од Бороу, како Курам Шазад Бат и Рашид Редуан.

Во полициското соопштение се наведува дека 27-годишниот Бат е британски државјанин роден во Пакистан, додека Редуан имал двојно либиско и мароканско државјанство. Идентитетот на третиот напаѓач засега не е познат.

Годината на раѓање на Редуан не е објавена, бидејќи тој пријавил два различни датуми на раѓање.



Двајцата напаѓачи живееле во Баркинг, на истокот на Лондон, каде полицијата по нападот уапсила две лица. Полицијата убила тројца напаѓачи кои во терористичкиот напад во центарот на Лондон убиле 7 и повредиле 48 лица.

Нападот се случил во саботата навечер кога комби со три напаѓачи се качил од пат на тротоар на Лондонскиот мост и почнало да гази минувачи. Непосредно по тоа напаѓачите го напуштиле комбито и со ножеви ги боделе минувачите во Бороу маркет, каде има бројни ресторани и барови.


No comments

Powered by Blogger.