Игриво куче „шутнато“ од полициска академија

Ако сте куче на полициска академија треба да бидете подготвени да сте цврсти и груби. Германскиот овчар Гавел од Австралија едноставно не е таков по природа. За жал, оваа негова особина не му дозволила да заврши полициска академија, но затоа добил нова работа.



Персоналот на гувернерот на Квинсленд одлучил да го именува Гавел за заменик кралско куче, улога која е потврдена со закон изминатиов месец февруари.



„Надрасна четири церемониски облеки, преживеа тешка промена на кариерата и внесе неизмерна радост во животот на гувернерот,целиот персонал и посетителите на Квинсленд“ изјавија од канцеларијата на гувернерот за BBC.



Овој пресладок германски овчар ги пречекува гостите облечен во отмено капутче.

No comments

Powered by Blogger.