Мухиќ: Требаше да загинат пратеници, но и насилници за да се прогласи вонредна состојба

Пишува: Точка

Пратеникот Ферид Мухиќ во изјава за „Ал Џезира“ оцени дека цел на нападот на демонстрантите во Парламентот било воведувањето вонредна состојба во земјата, за која веќе било подготвено сценарио.

„Целта на нападот очигледно беше убиство на двајца или тројца пратеници, пред се, Зоран Заев и Зијадин, како и на еден или двајца насилници за да се осигура избувнување на голем конфликт и да се овозможи воведување на вонредна состојба, за која веќе беше подготвена сценарио“, изјави Мухиќ. Според него, нападнатите пратеници биле евакуирани од Парламентот со конвој блиндирани возила од страна на специјалци кои ги засолниле во касарна во едно преградие на Скопје.



Иако шансите да се случи тоа ги оцени како намалени, по нападот на Парламентот, Мухиќ смета дека сè уште има можност да се случи војна во Македонија. „Новиот претседател на Собранието, Талат Џафери од ДУИ официјално ги презеде сите овластувања на поранешниот в.д. претседател Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ, што е многу важно, јас би рекол, одлучувачко за стабилизација. Исто така луѓето кои ја поддржуваат промената на власта, и кои се огромно мнозинство, остануваат смирени, како Македонците така и етничките Албанци, чии пратеници се најтешко повредени“, вели тој.

„Сепак, оваа власт е способна буквално на сè и ги контролира делумно сите важни лостови на власта. На опцијата да се предизвикаат нереди веројатно и натаму се смета сериозно од страна на власта, иако неуспехот на овој прв и клучен потег во голема мера негативно влијаеше на нивната подготвеност да се преземаат вакви очајни чекори и, секако, значително ја намали нивната соба за маневрирање“, изјавил Мухиќ.

No comments

Powered by Blogger.