Елон Маск и други советници во Белата куќа најавија оставки

Сопственикот на Tesla, милијардерот Елон Маск и директорот на „Волт Дизни“ Роберт Игер соопштиле дека ќе го напуштат советодавното тело на Белата куќа по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да се повлече од Парискиот договор.



„Го напуштам претседателскиот совет. Климатската промена е вистинита. Напуштањето на договорот од Париз не е добро ниту за Америка ниту за светот“, наведе Маск на Twitter.

Игер, извршниот директор на Дизни, напишал на Twitter дека „од принципиелни причини“ дава оставка од местото во советодавното тело на Белата куќа.

И извршниот директор на компанијата „Џенерал електрик“ Џеф Имелт, кој не е во круговите на советници на Белата куќа, ја осуди одлуката на Доналд Трамп.

„Разочаран сум од одлуката за Парискиот договор. Климатските промени се реални. Индустријата треба сега да ја преземе водечката улога и да не зависи од владата“, се наведува во пораката на Имелт на Twitter.

Трамп вчера објави дека САД се повлекува од Парискиот договор за климата и веднаш да се прекине „комплетната примена“ на одредбите на Парискиот договор.

No comments

Powered by Blogger.