Дубаи го претстави првиот робот полицаец

Полицијата во Дубаи го претстави првиот робот полицаец, кој доби задача да патролира во градските трговски центри и туристичките атракции.



Луѓето ќе можат да комуницираат со него, да пријават кражба, да платат казни и да добијат информации. Податоците што роботот ќе ги собира ќе ги дели со надлежните органи.



Целта на владата е до 2030 година во полицијата да има 25 проценти роботи, кои нема да ги заменат луѓето. Целта е да се зголеми безбедноста на граѓаните. Со помош на роботите полицијата ќе им биде достапна на граѓаните по 24 часа дневно.

No comments

Powered by Blogger.