Дожд од злато и дијаманти: Доналд Трамп добил неверојатни подароци од саудискиот крал

Пишува: Точка

Либанскиот весник „Адијар“ тврди дека има ексклузивни информации околу еден детал од посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Саудиска Арабија, за кој што не се зборува многу во јавноста.

Како што пренесува овој весник, саудискиот крал го почестил американскиот претседател со богати подароци за време на неговата посета на Ријад.

Верувале или не, вредноста на подароците кои што ги добил Доналд Трамп од саудискиот крал се проценуваат на 1,3 милијарди долари. Помеѓу другото, Доналд Трамп од саудискиот крал добил скапоцен дијамант вреден над 100 милиони долари, златен пиштол со изгравирана фотографија на кралот Абдулазиз и златна кралска сабја вредна вртоглави 200 милиони долари.



На целото семјество на Трамп, саудискиот крал им подарил колекција на 25 скапоцени рачни часовници, како и 150 други видови на накит украсен со дијаманти. Најголемата улица во Ријад, благодарение на ставот на Трамп против Иран, ќе го носи неговото име.

Како шлаг на тортата, либанскиот весник тврди дека Доналд Трамп наводно добил и огромна јахта која што била една од најголемите и најскапите на светот. Наводно станува збор за 125 метарска јахта со 80 соби и 20 апартмани која што е опремена со најскапоцени материјали. Вредноста на јахтата се проценува на 800 милиони долари.



Либански „Адијар“ пренесува дека сите подароци биле на името на Доналд Трамп, а не на Белата куќа. Наводно американскиот претседател ги добил овие скапоцени подароци поради неговиот однос кон Саудиска Арабија.

No comments

Powered by Blogger.