Филмови од детството што никогаш нема да ги заборавиме

Филмови со бизарна содржина, но филмови кои го одбележале детството на многумина од вас. Неверојатни сценарија на работ на научна фантастика, апсолутно невозможни ситуации, но приказни кои и ден денес се секому интересни. Да се присетиме на овие безвременски детски филмови:

„Beethoven“ (1992)



Филмот за еден огромен и незграпен Бернандинец кој прави лом низ куќата на едно семејство од предградието, а сепак сите го сакаат. Овој филм доживеа седум продолженија и сеуште е гледан.

„Mrs. Doubtfire“ (1993)



Таткото кој беше притиснат да се маскира во дадилка само за да биде со сопствените деца. Несмасните обиди да биде женствен се комични како за младата така и за постарата публика.

„Rookie of the Year“ (1993)



Чудесната скршеница на раката му дава на едно момче неверојатна способност која го катапултира во професионалната бејзбол лига.

„Camp Nowhere“ (1994)



Овој камп е сонот на секое дете коа сака да се тргне од канџите на родителите. Овој филм ја охрабрува детската имагинација, но и поучува за последиците од непромислените детски постапки.

„Jumanji“ (1995)



Иконски филмски запис кој оживува ликови од RPG игра.

„Space Jam“ (1996)



Можеби еден од најдетските филмови кој ја има добитната комбинација: Looney Tunes + Мајкл Џордан + Бил Муреј = магија.

No comments

Powered by Blogger.