Главата на овој убиец е сочувана со причина: Мистеријата за лисабонскиот крвник уште ги интригира научниците

 Пишува Точка

Првата работа која се гледа по влегувањето на катедрата за Медицина на Универзитетот во Лисабон, е осамената глава, која стои на полица.

Главата е жолта, изгледа мирно, и малку личи на компир. Разни лекари и анатомски техничари од отсекот не ја ни забележуваат. Таа е само таму. Само главата на Диого Алвес, првиот поругалски сериски убиец и последен човек кој бил обесен.

Диого Алвес е роден во Галиција во 1810. година, а во детството бил пратен во Лисабон за да работи како послуга во богати куќи. Но, Алвес набрзо открил дека животот на криминалец ќе му биде многу поисплатлив. Својата локација ја пронашол во долината Алкантара, каде пресретнал фармери при нивното враќање дома од Лисабон. Тогаш ги ограбил и убил, а истото го направил уште 70 пати во 3 години.
До денес не јасно сошто сопрел, со оглед на тоа дека полицијата не била вклучена во решавањето на случаите, бидејќи истите ги третирале како самоубиства. По заминувањето од долината основал банда која била насочувана на приватни резиденции, а кога по провалата во куќа на еден лекар убил цело семејство, полицијата го фатила. Но, зошто ја сочувале главата?

Изгледа дека одговорот лежи во самото темпирање. Алвес бил погубен во 1841. година, во време кога френологијата како наука пристигнала во Португалија. Таа дисциплина, денес сметана како псевдонаука, ја развил германскиот лекар Франц Џозеф Гал.

Френологијата тврдела дека обликот на черепот го открива карактерот, па и склоностите на човекот. Поради тоа не чуди што португалските френолози се заинтересирале за главата на криминалец како Алвес.

Тој самиот станал славен, постхумно, а неговиот лик добил стрип, фиктивна биографија и роман, како и нем филм во 1911. година.

No comments

Powered by Blogger.