Цунами на плажа во Европа! Ова е толку редок феномен, што прв пат бил фатен на камера

Пишува: Точка

Станува збор за толку редок феномен, што речиси не може да се сними со камера.

Преплашените туристи гледале од хотелот во близина како водата ја преплавува плажата во Зандворт во Холандија. Се смета дека тоа што некои од нив го снимиле, додека ги турка чадорите и лежалките, е мини цунами.

За среќа, додека беснеело цунамито, никој не бил повреден, но причинета била материјална штета.

Според првобитните извештаи, средно висок бран се приближувал кон брегот, а неговата висина изнесувала нешто повеќе од 2 метри.

Според зборовите на асистентот кој работи во павилјонот на плажата, го разбудил силен ветер, а набрзо забележал дека неколку лежалки се веќе во морето. Во рок од 5 минути, ветерот го однел целиот инвентар од плажата, кој не бил прицврстен.

"Бранот беше толку силен, што само падна, бев шокиран", рекол Мило Герицен.

Мажот на снимката неколку пати повторува, "цунами, цунами", како да е шокиран од тоа што го глед аи хаосот кој се одвива пред негови очи.
Станува зобр за толку редок феномен, што речиси не може да се сними со камера. Плимскиот бран, познат и како метроцунами, се случува кога има брзи промени во атмосферскиот притисок, при што се предизвикува изместување на големи количини на вода.

На атмосферскиот притисок влијаат неколку фактори, но локално, на него може да влијае само брзината на ветерот и температурата.

No comments

Powered by Blogger.