Жените ширум светот “лудуваат” по секси телохранителот на новиот претседател на Јужна Кореја

Пишува: Точка

Јужна Кореја пред неколку дена доби нов претседател, но Мун Џае-ин не е тој што успеа да ја излуди интернет заедницата, туку тоа го направи токму човекот којшто би требало да биде негова сенка, но на крајот успеа дури и да го засени новиот претседател.

Целото внимание на интернет заедницата, а набрзо потоа и на медиумите, успеа да го привлече токму телохранителот на новиот претседател на Јужна Кореја, после што друштвените мрежи и тоа како се “загреале” поради овој згоден “фраер”, пишува Russia Today.



Кога една од Twitter корисничките, Елена, споделила фотографија од заводливиот телохранител, “ретвитувањето” едноставно не можело да престане, а коментарите само се нижеле.



Имало и такви коишто се шегувале, па така, многумина напишале дека имаат желба за намерно да го нападнат новиот претседател на Јужна Кореја, само за да “паднат” во рацете на згодниот телохранител.

Сепак, откритието дека тој е оженет и има две деца, ги разочара многубројните “загреани” обожаватели...


No comments

Powered by Blogger.