Потписот на Меланија открива застрашувачка вистина: Сите се загрижени за Првата дама!

Пишува: Точка

Состојбата на Меланија Трамп се повеќе ја загрижува јавноста, а сомнежите ги подгреваат и анализите на еден графолог.

Во јавноста кружат разни теории за односот на американскиот претседателски пар. Од тоа дека е жена-трофеј, злоставувана партнерка и само фикус на својот сопруг, до тоа дека Меланија сака да се разведе, но дека Доналд поради угледот не прифаќа нешто такво, иако ја изневерува на сите страни - секој ден има нови теории.


Графологот кој го анализирал ракописот на Првата дама, тврди дека во него е забележливо нешто многу вознемирувачко. Имено, овие експерти кои освен што ја утврдуваат автентичноста на потписот, на основа на ракописот може да се утврдат особините и емоциите на луѓето.
Секој ракопис е индивидуална работа во еднаква мерка како и отпечатокот на прстите. Анализирајќи го писмото кое го потпишала Меланија, а во кое и се заблагодарува на заштитничката за правата на животните од ПЕТА, Памела Андерсон, на подарениот капут од вештачко крзно, графолозите забележале дека потписот на Меланија неверојатно потсетува на тој на Доналд.

Тезата на експертите за сличноста на двата потписа упатува на тоа дека Меланија се обидува да го копира својот сопруг. Прашање е дали тоа го прави по своја волја како имитатор, или пак до таа мера е покрај својот застрашувачки маж, што изгубила дел од сопствениот идентитет?



"Сличноста е неверојатна, но јасно е дека потписот е стилизиран, па Меланија го вежбала", вели аналитичарот за ракописи, Сејла Курц.

Курц заклучила и дека Меланија е директна и дека многу брзо размислува. Меѓутоа потписот е тешко читлив, што укажува на тоа дека тешко се отвора и дека всушност не сака да биде "прочитана".

Аналитичарите веќе и со претходна анализа на ракописот на Трамп, заклучиле дека американскиот претседател е егоцентричен, претерано самоуверен и нарцисоиден човек, чија одлучност се граничи со рационално делување.

No comments

Powered by Blogger.