Макрон со јасна порака до Путин: Ако повторно биде употребено хемиско оружје во Сирија, Франција ќе се одмазди

Пишува: Точка

Францускиот претседател Емануел Макрон после разговорот со својот руски колега Владимир Путин, изјави дека верува дека двете земји можат да работат заедно на решавањето на кризата во Сирија и порача дека сака да зајакне партнерството во борбата против тероризмот.

Емануел Макрон сепак порача дека употребата на хемиско оружје во Сирија е црвената линија за Франција и тоа би предизвикало одмазда.

„Нашиот апсолутен приоритет е борбата против тероризмот и во врска со тоа сакам да го зајакнеме нашето партнерство со Русија“, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со Путин, а рускиот претседател договори дека тој и Макрон се договориле двете земји а имаат блиска соработка во борбата против тероризмот.

Тој изјави дека разговарале и за ситуацијата во Сирија. Макрон истакнал дека Франција бара демократска транзиција во Сирија, но не по цена оваа земја да се претвори во целосно пропадната држава.



Макрон откри дека со Путин исто така разговарале и за правата а ЛГБТ популацијата во Чеченија и за положбата на невладините организации во Русија и вети дека „константно ќе следи“ се што се случува во врска со тие прашања.

Рускиот претседател изјави дека Москва и Париз се решени да пронајдат заедничко решение за проблемите во Сирија, Украина, Северна Кореја и се што е поврзано со тероризмот и нуклеарните програми.

„Разговаравме за кризата во Украина, можностите за решавање на сирискиот проблем и секако, допревме и до некои сложени, во мојата глава многу опасни ситуации поврзани со нуклеарниот проблем во Северна Кореја и со ракетната програма на Северна Кореја“, изјави Владимир Путин.



Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ниту еден меѓународен проблем не може да биде решен без Русија. Тој порача дека верува дека двете земји можат да соработуваат во врска со прашањето за Сирија и додаде дека сака да биде зголемена соработката во борбата против Исламската држава.

Францускиот претседател после разговорот со рускиот претседател кој што траел „подолго од планираното“, уште еднаш нагласи дека употребата на хемиско оружје врз цивилното население во Сирија е „црвената линија“. Според неговите зборови, употребата на таквото оружје ќе предизвика одмазда на Франција, но не прецизираше што точно мислеше со тоа.

Макрон меѓу другото исто така ги обвини двете руски медиумски куќи - „Раша Тудеј“ и „Спутник“ дека служеле како органи за пропаганда и ширење на влијание за време на претседателските избори во Франција. Тој порача дека токму поради тие причини им забранил на новинарите на руските медиуми да влезат во седиштето на неговиот изборен штаб за време на претседателската трка во Франција.

No comments

Powered by Blogger.