Вака изгледа контроверзната старлета без Фотошоп: Костимот за капење го открил се` она што е вештачко на неа

Пишува: Toчка

Кејти Прајс имала модно снимање во Мајами. Старлетата носела спортски костим за капење во кој покажала како навистина изгледа.

Ријалити ѕвездата, пејачка и модел е позната по многуте пластични операции. Само градите досега ги оперирала седум пати. Прв пат вградила силикони кога имала само 16 години, а последната во низата на естетски корекции ја имала во 2014 година.



На овие фотографии можеме да видиме како изгледаат нејзините гради после тие естетски зафати. Исто така, Кејти неколку пати го „поправала“ и лицето. Нејзината долга коса е надградба, а темниот тен е резултат на употреба на солариум.

Вештачко до вештачко... Таков е денешниот изглед на Кејти Прајс.



Старлетата е позната по многу контроверзи, таа е голем љубител на ботокс и инвазивни козметички третмани. Омилени и` се оние со кои се зголемува волуменот на позадината, а на Инстаграм често објавува снимки од козметички салони, кои ги прикажуваат деталите од тие третмани.

No comments

Powered by Blogger.