Макрон, стоејќи покрај Путин, направил нешто што никој уште не се осудил

ПИШУВА: ТОЧКА

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, завчера направил нешто што ниеден западен лидер досега не се осудил: стоејќи покрај претседателот на Русија, Владимир Путин на прес конференцијата, остро ги критикувал руските медиуми "RT" и "Sputnik" како пропагандни агенти кои шират сериозни лаги.

Одговарајќи на прашањето на новинарите за својата одлука на предизборната кампања да забрани пристап на наведените руски државно-спонзорирани медиуми, Макрон изјавил: ""Russia Today" и "Sputnik" се влијателни медиуми кои неколку пати изнесоа сериозни невистини за мене и мојата кампања. Затоа не беа поканите во мојот стожер...Поради тоа, ќе зборувам отворено, но тие медиуми не се однесуваа како органи на медиумите и новинари, туку како агенти на влијание и пропаганда, и тоа лажна пропаганда. Тоа никогаш нема да го толерирам".

Потсетуваме, предизборниот стожер на Макрон ја обвинил Русија дека стои зад хакирањето и протекувањето на мејловите од стожерот со цел влијание на резултатите на изборите, по примерот на мешање во американските избори минатата година, на кои победил Доналд Трамп.

Руските медиуми известувале за Макрон на прилично негативен начин, кој понекогаш се граничел со клевета.
Како што тогаш известил Daily Beast, можно е оваа хакерско-пропагандна акција да била неуспешна бидејќи стожерот на Макрон намерно им дал на хакерите пристап до лажни документи, помешани со реални, за да им ја отежни работата и да го намали кредибилитетот на објавените документи.

Самиот Путин на конференцијата го отфрлил обвиненијата за руско мешање во изборите како "имагинарна" и "непостоечка тема", и додал дека не разговарал со Макрон по тоа прашање. Исто така, ја бранел својата средба со Марин Ле Пен неколку месеци пред изборите. "Би било чудно да не се сретнам со кандидатката која зборува за затоплување на руско-француските односи", рекол тој.

Меѓутоа, како што навеле за Politico помошниците на Макрон, францускиот претседател разговарал со рускиот на сите теми, вклучувајќи го државно-спонзорираното хакирање во предизборната кампања, како и за војните во Сирија и Украина, кршењето на човековите права во Русија и борбата против тероризмот.

No comments

Powered by Blogger.