Ни ајкула, ни змија, ни мечка: Ова е убедливо најсмртоносното животно на планетата

Пишува: Tочка

Кога се помислува на најопасното животно за луѓето, повеќето ќе помислат на ајкула, змија, нилски коњ, мечка и слично, но вистината е дека многу повеќе животи одземаат сосема други видови.

На пример, ајкулите во годината убиваат во просек 10 луѓе ширум светот. Од друга страна, волкот од кој се плашиме само во бајките, одзема дури 10 пати повеќе животи - речиси 100 луѓе. Толку одзема и лавот, додека уште поголеми "убијци" се слоновите и нилските коњи.

Крокодилите имаат речиси 1.000 жртви во годината, паразитите 2.000, а омилениот домашен миленик - кучето - дури 25.000. Омразените змии го докажуваат својот фактор на опасност со дури 50.000 жртви.



Луѓето, како вид, се поприлично смртоносни, не само за животните, туку и за самите себе - во светот секоја година има 475.000 човечки жртви. Но, најголем убиец на луѓе, е еден вид на кој можеби и не помисливте, а одговорен е за 725.000 "убиства" во годината, пишува Dnevni Avaz.

Станува збор за комарците, а тие животни кои со задоволство ни ја пијат крвта се опасни поради пренесувањето на разни болести, со што предизвикуваа стотина илјади смртни случаи ширум светот.

Меѓу најопасните е маларијата, вирусот Западен Нил, разни видови на енцефалитис, жолта и денга грозница, а во голема мера заразата ја одредува и подрачјето каде живеат, при што најопасни се тропските подрачја.



На пролет и во лето комарците можат да бидат вистинска напаст која лесно ги уништува вечерите во природа, дури и покрај прскањето против овие инсекти. Вкупно, на светот постојат речиси 3.500 различни видови комарци, а дури 200 од нив напаѓаат луѓе.

Секој петти човек е омилена мета на комарците, а најмногу ги привлекуваат потешки и повисоки луѓе, оние кои пијат алкохол, како и оние кои нанесуваат козметички средства.

Луѓето ги напаѓаат само женски комарци, а секој дваесетти е алергичен на убод на комарец, што се карактеризира со посилна реакција од вообичаената.

No comments

Powered by Blogger.